еМагазин
Image default
Локално

Само во Македонија: Се тепале пет на пет пред судот во Радовиш по одложен процес

По одложен судски спор во Основниот суд во Радовиш две групи од по пет лица продолжиле да делат „правда“ со тупаници пред судската зграда, информираат од СВР-Струмица.

„Вчера околу 09:20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш“, стои во информацијата на полицијата.

Се додава дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна 17-годишна девојка од Чаир

Редакција

Измамник им земал по 400 евра за работна виза за Германија

Редакција

Поевтинува паркингот во Штип

Редакција