еМагазин
Image default
Локално

Саниран дефектот што го остави без вода речиси половина Скопје: Нормализирање до полноќ

Дефектот на водоводната цевка на бул. „Кочо Рацин“, спроти Олимписки базен, е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато работеа на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстранија истиот. Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување“, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Како што посочи, во овој случај за отстранување на дефектот било потребно да се затвори цевка со дијаметар ф1400мм, поради што повеќе населби останаа без вода.

„Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот. Имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема цевка што е под силен притисок, водата ќе се пушта постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови и кај сите корисници.

Упатувам голема благодарност до тимот на ЈП Водовод и канализација и до сите граѓани кои имаа трпение и разбирање за оваа ситуација“, рече Весковски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велосипедист почина откако во него удри автомобил во Куманово

Редакција

Млад кумановец претепал две лица

Редакција

Едно лице загина во сообраќајка во близина на Битола

Редакција