еМагазин
Image default
Локално

Санкционирани 467 возачи во Скопје, од кои 101 за пречекорена брзина

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 467 санкции за возачите од кои 101 се за пречекорување на дозволената брзина на движење.

Како што информира МВР, за возење без возачка дозвола казнети се 60 лица, 63 за технички неисправни и нерегистрирани возила, изречени се 74 мерки за непрописно паркирање, 60 возила се подигнати со пајак, а изречени се и 46 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец тешко повреден од велосипедист кој побегнал од местото на несреќата

Редакција

Кујните во училиштата во Карпош ќе бидат отворени бидејќи не била откриена салмонела

Редакција

Србин излегол од автобус на бензиска и го претепал

Редакција