еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МПЦ – ОА: Најсредечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј, продолжуваат разговорите со Српската православна црква

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија изразува најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.

САС на МПЦ-ОА на денешната вонредна седница, расправал за актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето на евхаристиската заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ – ОА со православните помесни цркви, како и за конечниот автокефален статус на нашата црква, соопшти канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.

– САС на МПЦ – ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија, при што, прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот
црковен континуитет.

Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со Српската православна црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската Патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете цркви, се неведува во соопштението по вонредната синодска седница.

Синодот на МПЦ-ОА на оваа седница одлучи да се канонизираат двајца македонски преродбеници олицетворени во личностите на Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ – Лешочки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски чин: Вселенската Патријаршија ја призна македонската црква за канонска, повеќе не е во раскол со сеправославниот свет

Реакција на Руската црква: Признаваме само канонски права на Српската црква во Македонија

„Шах-мат на вселенскиот патријарх“: Што пишуваат грчките медиуми за признавањето на Охридската архиепископија за канонска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бугарската агенција БГНЕС тврди дека сопругата на Мицкоски е „Бугарка“

Редакција

Во Македонија и на други четири локации во Европа ќе се одржи голема воена вежба

Редакција

Ристе Миладинов, директен потомок на браќата Миладиновци, љубовта кон театарот и публиката го држат на сцена 55 години

Редакција