еМагазин
Image default
Локално

САСА ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци

Благодарение на финансиската поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ спроведе акција за обнова и дополнување на рибниот фонд во езерото Калиманци, информираат од компанијата.

Во рамки на најновата акција денеска беше извршено порибување на езерото со околу 1500 килограми крап, а најавено е и дополнително порибување со околу 500 килограми, што ќе биде спроведено во наредниот период.

Најновото порибување на езерото се изврши во присуство на претставници од Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од рудникот САСА.

Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска средства за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци, како и за функционирање и реализација на активностите на ова здружение.

Оваа поддршка е дел од проектите што САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржливиот развој, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина жител на Чајле, додека возел велосипед го удрил автомобил

Редакција

Кривична пријава за охриѓанец кој изнајмил три возила кои никогаш не ги вратил

Редакција

Несекојдневен случај во Гостивар: Со мотор намерно удрил во полицаец

Редакција