еМагазин
Image default
Македонија

ДИК: За Сашко Николов гласале 11.668 гласачи, а веднаш зад него е Симон Поликарп-Џими со 1.198 гласови

Сашко Николов и Али Јаоски и официјално се новите градоначалници на Штип и Пласница, со мандат од девет месеци, се до редовните Локални избори во 2021 година.

Според Државната изборна комисија (ДИК) кандидатот на СДСМ, Сашко Николов освоил 80,31 насто од гласовите за избор на градоначалник или од вкупно 11.668. Гласале14.528 гласачи од 41.777 вкупно регистрирани гласачи.

Втор според освоени гласови е кандидатот на Интегра, Симон Поликарп, кој освои 1.198 или 8,25% од гласовите.

Николов, кој беше кандидат за градоначалник на СДСМ победа на овие избори прогласи по два часа од затворањето на гласачките места. На прес-конференција во штабот на Градскиот плоштад „Слобода“, први му честитаа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и поранешниот градоначалник на Штип и член на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски.

-Во ова време на пандемија Штип и штипјани покажаа демократија, општествена одговорност и дека ќе продолжи по патот на Европа, по патот во сигурни раце, рече Сашко Николов, објавувајќи ја победата на вчерашните избори за градоначалник на Штип.

Во Општина Пласница вчера правото на глас можеа да го исполнат 4.954 граѓани на девет избирачки места, цензусот за успешни избори беше исполнет вчера во 15 часот, кога ОИК Пласница објави дека на гласање излегле над една третина од вкупниот број на избирачи.

Според податоците на Државната изборна комисија, Јаоски добил 1.696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231.

Јаоски најави дека ќе биде градоначалник на сите и оти функцијата ќе ја извршува чесно.

-Во претстојните десет месеци ќе ја продолжам реализацијата на проектите во општината во која е направено многу, а јас тоа ќе го продолжам, изјави Јаоски.

Меѓу приоритеите, како што рече, ќе му бидат инфраструктурата и вработувањето на граѓаните.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беса даде подршка за референдумот, ќе настапува со слоганот „ДА за НАТО и ЕУ како албанец, а не како процент”

Редакција

Убава вест: Оздравени 521 пациенти од Ковид-19

Редакција

Осум лица починаа од Ковид-19

Редакција