Во исчекување на одлуката на Владата за олабавување на мерките за спречување и ширење на вирусот Ковид-19, СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје започна со подготовка на содржините во комплексот.
„Се преземаат сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење, како и целосна дезинфекција на целиот спортски центар.
Со дезинфекција, како и превентивни мерки за заштита на здравјето на сите корисници на центарот, секојдневно ќе се продолжи и по отворањето кое се очекува да биде наскоро,“ информираат од центарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пред отворање рестораните треба да се дезинфицираат
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.