еМагазин
Image default
Свет

Се чека на регулаторите: Вакцината што ја развиваат „Астра Зенека“ и Универзитетот Оксфорд би можела да се користи од декември

„Регулаторите во континуитет работат со нашите податоци. Ако бидат побрзи можеме да почнеме со вакцинирање против коронавирусот кон крајот на декември“, изјави извршниот директор на фармацевтската компанија „Астра Зенека“, Паскал Сорио, пренесува шведскиот медиум „Dagens Nyheter“.

„Астра Зенека“ ја развива вакцината против Ковид-19 во соработка со британскиот Универзитет Оксфорд и засега овој медицински изум најмногу ветува во борбата против вирусот кој го промени светот.

Она што е многу важно за оваа вакцина, е дека таа е делотворна и кај возрасните пациенти над 60 години кои се најпогодени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО за „АстраЗенека“: Врската со ретките згрутчувања на крвта е веројатна, но не е потврдена

Редакција

Лукашенко нареди целосна борбена готовност поради обидот за вооружен бунт во Русија

Редакција

Инспиративна приказна на 99-годишна Израелка: Го преживеала Холокаустот и го прележа корона вирусот

Редакција