еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО за „АстраЗенека“: Врската со ретките згрутчувања на крвта е веројатна, но не е потврдена

Советодавната комисија за безбедност на вакцините при Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека причинската врска меѓу вакцината на “АстраЗенека“ против Ковид-19 и ретките случаи на згрутчување на крвта со ниско ниво на тромбоцити, „се смета за веројатна, но не е потврдена“.

Во изјавата издадена по прегледот на најновите глобални податоци, независни експерти велат дека се потребни посебни студии за целосно разбирање на потенцијалната врска меѓу вакцинацијата и можните фактори на ризик.

„Важно е да се напомене дека, иако загрижувачки, ваквите случаи се многу ретки, а мал број се пријавени меѓу речиси 200 милиони лица кои ја примиле вакцината на “АстраЗенека“ против Ковид-19 низ светот“, соошти СЗО.

Најавено е дека Комисијата ќе се состане повторно следната недела со цел да се разговара за дополнителни информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Згрутчувањето на крвта е можнa нус појава од вакцината на „АстраЗенека“, потврди Eвропската агенција за лекови

Што знаеме за вакцината „АстраЗенека“ и колкав е ризикот?

Колку се безбедни и какви несакани ефекти имаат вакцините АстраЗенека, Фајзер, Синофарм и Спутник В

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како идеја се претвори во успешна хуманитарна акција: Се подготвува испорака на 20.000 визири на МВР и АРМ, до сега се поделени 10.000 на здравствените работници

Редакција

Анкета: Неопределените и тие што нема да гласаат пред ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Редакција

Собранието вработува 12 службеници

Редакција