еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Украинец снимаше научно-фантастичен филм во Македониумот и Спомен-костурницата во Велес

Заврши снимањето во Македонија на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите“ („Chrysanthemum day“) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е Опиум Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

„Дел од сцените на филмот се снимаа во Спомен костурница-Велес и Македониумот во Крушево. По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена.

Филмот е научно фантастична-дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе“, познатa како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата.

На овој филм како прв од овој жанр што се снимаше во Македонија, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од Ковид-19 учествуваа над дваесетина филмски професионалци од земјава и над триесет филмски автори и работници од Украина.

Филмот се снима на повеќе етапи на локации во Украина, Македонија, Босна, Србија и Хрватска.

Празникот на хризантемите“ е меѓународна ко-продуцкија помеѓу Украина, Македонија, Србија и Хрватска. Моментално филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од пост продукцијата на филмот ќе се работи во Македонија, соопштија продуцентите.

Фото: Опиум филм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има фалсификување на историјата која ги претставува Бугарите како Татари, рече Џамбаски во Европскиот парламент

Редакција

Заврши потрагата по преживеани во Турција, почнува чистење на урнатините

Редакција

Кривична за возачот на министерот Бесими

Редакција