Освен плацевите на Водно, за кои минатата недела Обвинителство отвори истрага против поранешниот премиер Никола Груевски, се истражуваат и други недвижности во врска со овој предмет, вели првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески во интервју за ТВ 24.
– Обвинителството презема дејствија во насока да се утврдат докази за тие недвижности и овие плацеви се замрзнати што значи е забрането нивно оттуѓување и располагање. Тоа се однесува за недвижностите во Скопје.
Обвинителството истражува и други околности во врска со овој случај и ќе видиме до какви факти и податоци ќе се дојде во текот на истраната постапка, рече Јовески.
Воедно, тој збореше и за случајот „Рекет“, односно истакна дека овој судски предмет воопшто нема да влијае на случајот „Империја“.
– Немаше ниту предмет да отвориме, ако не беше пријавата. И матерјалните докази, снимките беа од сведокот и тогаш беше проценка на Обвинителството кој интерес е поголем. Подобро е да се отвори тој предмет, да се утврдат фактите и да се понесе кривична одговорност на оние кои ги сториле, рече Јовески.
Тој додаде дека преземањето на предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е за да може кривичниот прогон непречено да се одвива.
– Истрагата за „Поштенска банка” е завршена и обвинителот веќе ја известил одбраната и обвинителот работи на донесување на обвинителска одлука. Обвинителството ќе излезе и со информација и каква ќе биде одлуката на јавниот обвинител по овој предмет, рече Јовевски.
Во врска со предметот „Попис“ истрагата е завршена и обвинителката која постапува по предметот и изготвува јавно обвинителската одлука и во основа тој предмет се засноваше врз основа на прислушуваните разговори, но на Обвинителството му е забрането да ги користи „бомбите“ како докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски се јави за случајот „плацеви на Водно“: Смислена лага за моја дискредитација
Притвор за кумот на Груевски, судот ги „замрзна“ спорните плацеви на Водно
МИА/Фото: МИА