еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се пролонгира отварањето на македонски културен центар во Благоевград

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на македонски културен центар (МКЦ) во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада.

-Проценките беа дека ќе успее таму да се направи политичка влада, со која ќе може да се разговара подолгорочно, меѓутоа Бугарија повторно ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат со нивното политичко екипирање и со изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, рече Ковачевски по посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека барањето веќе го имаат подготвено и е разговарано, но со техничката влада во Бугарија.

-За овие прашања ние разговараме. Ние, кога отворивме канцеларија на МИА во Софија, тоа беше направено врз основа на добра волја на властите во Софија и во Скопје. Исто така, имаме МКЦ во центарот на Софија, каде е сместена и МИА, како што Бугарија има културен центар во Скопје. Тоа е начин накој две држави ги регулираат своите односи на планот на информирање и размена на културните вредности, додаде премиерот Ковачевски

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се двајцата „тврдокорни“ пратеници на Беса на Касами

Редакција

(Фото) Груевски на насловна на унгарскиот магазинот ХВГ: “Ја сакам Унгарија“

Редакција

Обвинителство: Нема место за кривичен прогон за неправилности во вториот пензиски столб

Редакција