еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се двајцата „тврдокорни“ пратеници на Беса на Касами

Денеска во Собранието ќе има трет обид за гласање во финалната фаза за уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа.

Се уште нема официјална потврда дека Владата има обезбедено двотретинско мнозинство од најмалку 80 пратеници, а и понатаму останува неизвесно како ќе гласаат двајцата пратеници од Беса на Биљал Касами.

Кои се двајцата пратеници?

Теута Биљали е родена на 25.5.1980 во Тетово.

Член е на неколку собраниски комисии меѓу кои и Комисијата за одбрана и безбедност, каде е заменик-член, Комисијата за образование, наука и спорт, каде е исто така заменик-член…, стои во нејзината официјална биографија објавена на веб страната на Собранието, во која нема податоци за нејзиното образование, ниту пак за претходни работни искуства.

Членка е и на неколку собраниски делегации и пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Данска, Турција, Хрватска…

 

Фадил Зендели е роден на 10.6.1967 во Гостивар и е доктор.

И во неговата официјална биографија нема подетални информации за неговото образование и претходни работни искуства, а се наведени само неговите активности во македонското Собрание.

И тој е член на неколку собраниски комисии, меѓи кои и Комисијата за уставни прашања и Законодавно-правната комисија.

Дел е од неколку собраниски делегации и пратенички групи за соработка со парламентите на Италија, Австрија, Франција, Грција…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле двајцата пратеници од Беса на Касами, Теута Биљали и Фадил Зендели

Пратеници и членови на Беса на Фејсбук: Барањата се на Биљал Касами, а не на Беса

Касами демек голем фраер

Ѓорги Спасов: Каде греши Беса на Касами

Фото: Собрание/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Претседателот Пендаровски за момент „стана“ Црвенковски

Редакција

Во градинките досега регистрирани 15 случаи на Ковид-19 кај деца и 44 кај вработени

Редакција

Поскапува бензинот Еуросупер БС-98, поевтинува дизелот

Редакција