еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се утврдуваат причините за пропустите во учебникот по Историја и општество, велат од Министерството за образование

Министерството за образование и наука (МОН) и Педагошката служба почнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој, како што се наведуваат од МОН, се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, не смееја да се дозволат.

-Преку Националната комисија за учебници како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, МОН веќе побара информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

Според ресорното министерство, во време кога во Македонија се случуваат најкрупните образовни реформи досега, со интензивни инвестиции во унапредување на инфраструктурните услови, подигнување на мотивацијата на наставниот и стручниот кадар во училиштата и се изработуваат нови наставни програми и учебници, недозволиво е да се случуваат вакви пропусти.

Сепак, како што се наведува, учебниците се една од основите за квалитетен воспитно-образовен процес.

-Потребен е максимален ангажман и одговорност од сите чинители кои учествуваат во процесот за градење на поквалитетен образовен систем во интерес на сегашните и идните генерации, а со тоа и во интерес на државата.

Упатуваме апел до сите автори и рецензенти кои во иднина ќе учествуваат во постапки за изработка на учебници и наставни помагала, како и до Бирото за развој на образование и членовите на Националната комисија за учебници, да ја подигнат личната одговорност и посветеност, затоа што во овие прилично комплексни процеси, тоа од нив единствено и се очекува, стои во соопштението од МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Жално е колку распаднат образовниот систем, во секој поглед„: Твитер реакции за грешките и лошите преводи во учебникот по Историја и општество

Цар Самоил преставен без никакви атрибути во новиот учебник по Историја и општество

(Фото) Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија: Грешки и лоши преводи во новиот учебник по Историја и општество

Фото: МОН/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја поддржуваме Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, но уставното име на државата мора да се почитува, изјави Заев

Редакција

(Фото) Денис Јанкуловски Космонаутко добитник на наградата „Европејци на годината“, кои се другите наградени?

Редакција

„Њујорк Тајмс“: Вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ веројатно создаваат траен имунитет

Редакција