еМагазин
Image default
Македонија

Заболени цели семејства: Се влошува состојбата со Ковид-19 во Кичево

Втора недела по ред состојбата со Ковид-19 во Кичево е се потешка. Бројот на новозаболени од ден на ден е се поголем, а и бројот на починати оди по нагорна линија.

Капацитетот на модуларниот ковид центар секојдневно е пополн и ако продолжи овој тренд на зголемен број на новозаболени, се чини неговиот капацитет ќе биде недоволен за да ги прими сите оние на кои им е неопходен болнички третман, потврди Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница.

-Последните петанесетина дена состојбата со Ковид-19 во нашата општина забрзано се влошува.

Сите новопримени во нашиот ковид центар се со потешка клиничка слика, а бројот на починати е во пораст. Расте и притисокот на новозаболени кои секојдневно доаѓаат за да направат ренген снимки, лабораториски анализи и да се тестираат.

Работиме над нашиот реален лимит од 30 пациенти на ден, за да им излеземе во пресрет и на многу поголемиот број на новозаболени.

Забележливо е што меѓу новозаболените има и цели семејства, што е најдобра потврда дека британскиот сој на коронавирусот е најприсутен и најмногу вирулентен, рече Балажи и најави дека ако со овој тренд продолжи бројот на новозаболени, ќе бидат приморани да го оспособат и делот од интерното одделение каде што претходно се хоспитализираа ковид болните.

Бидејќи, рече тој, моментално во модуларниот ковид центар имаме хоспитализирано 33 новозаболени пациенти, а неговиот капацитет е 45 кревети, ако продолжи притисокот на новозаболени и наредните денови, тогаш треба да се очекува до крајот на оваа недела неговиот капацитет да биде целосно пополнет и ќе бидеме приморани повторно да го оспособиме делот од интерното одделение каде претходно беа хоспитализирани болните.

Балажи, исто така, посочи дека од кичевската Општа болница во петок треба да ја примат првата вакцина на Спутник—В, последните 40 здравствени работници, додека претходната група од 45 вработени кои се вакцинираа пред две седмици, за една недела треба да ја примат и втората вакцина.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Очекувавме негативно мислење од Владата за предлог-закон за амнестија, но низ дебата може да се подобри

Редакција

Тачи: ДПА останува дел од владејачката коалиција

Редакција

Кривичен ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”

Редакција