еМагазин
Image default
Македонија

Кривичен суд: Неетички е да се коментира пресудата за собраќајната несреќа кај Млечен

Основниот кривичен суд Скопје, се со цел да не нашетети на евентуалната жалбена постапка на која имаат право незадоволните страни, не може и не смее да коментира првостепена- неправосилна пресуда, соопштија од ОКС Скопје, мислејќи на последната пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“.

– Целосно неетеички е во јавноста од одредени субјекти да се коментира и злоупотребува првостепена-неправосилна пресуда која во иднина може да биде преиначена во делот на казната, а непрофесионално и незаконски би било судот да коментира пресуда на судија поединец кој е независен во своето постапување, велат од Кривичен суд.

Но, од таму истакнуваат дека заради јавниот интерес и транспарентно и отчетно работење за кое се залага судот, ја информираат јавноста дека според фактите изнесени на јавна расправа, станува збор за кривично правен – предмет за кој Јавниот обвинител утврдил дека постојат сомневања за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по чл. 300 ст.4 вв со чл.297 ст.3 вв со ст.1 односно сторено од Небрежност, а не со умисла.

– На главната расправа 63 – годишниот обвинети В.Ч. ја признал вината, а Судот, заради тоа, не навлегувајќи во утврдување на фактичката состојба и врз основа на сите олеснителни и отежителни околности изрекол осудителна пресуда. Притоа оштетените биле присутни при изведување на завршните зборови и изрекување на пресудата, појаснуваат од Кривичен.

Според нив јавноста мора да знае дека судот постапува по обвинителни предлози и акти доставени од истрага и квалификација која ја води и утврдува Јавниот обвинител и носи пресуди во рамки на пропишаните казни во Кривичниот законик, притоа водејќи сметка на сите околности.

– Судот во ваков случај не може да смени или преквалификува кривично дело, ниту може да излезе од рамките на пропишаната казна, велат од Судот.

Наместо коментари и кфалификации на првостепена-неправосилна пресуда, експертската и стручната јавност потребно е да се осврне на оредбите од Кривичниот законик и висината на пропишаните казни со кои се регулираат оваа проблематика, посочуват од Крвичен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обинителството ќе поднесе жалба за условната казна за сообраќајката кај Млечен

Каков имот пријавила судијката Елена Јосифовиќ, која пресуди за сообраќајката кај „Млечен“

(Видео) Апостолоска за сообраќајката кај „Млечен“: Возачот не ни пријде за помош, само се јавуваше по телефон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здравствената состојба на сите седум пациенти кои се лекуваат од корона вирус е стабилна

Редакција

Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот со Грција: Цензусот беше премногу висок

Редакција

Судење за „Рекет“: Боки 13 и Камчев договарале операција за Јанева, ама не во Систина

Редакција