еМагазин
Image default
Македонија

Седум новозаболени од Ковид-19 во Куманово, сите од познати кластери

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Оздравени се 31 лице.

-Заболените од Куманово се од познати кластери, изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Денеска, извршени се вкупно 52 тестирање од кои 19 по „Мој термин“ и 33 согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, ковид дијагностицирани се 813 лице, од кои во моментов активни се 174 случаи.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини

Починаа уште осум нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка на починати е 359

Убава вест: Оздравени 260 заразени од корона вирусот, од кои 126 од Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: ГОБ „8 Септември“ за една недела ќе ги отвори амбулантите и ќе функционира нормално

Редакција

Минатата недела едно лице починало од Ковид-19

Редакција

Ќе се отстрани железната ограда околу Владата

Редакција