еМагазин
Image default
Македонија

Седум новозаразени и пет оздравени од Ковид-19 во Кичево

Седум нови лица заразени и пет оздравени денеска, покажуваат податоците од Министерството за здраство за коронавирусот во Кичево, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 247 лице, од кои 128 се активни, 109 се излекувани и десет лица се починати.

„Денеска кај нас имаме седум новозаболени лица од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови под надзор на нивните матични лекари и се разбира дека се во изолација. За среќа пак имаме и пет оздравени“, информира Емин Насуфи, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

МИА/Фото: Општина Кичево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 130 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Убава вест: Оздравени 152 пациенти заразени со Ковид-19

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа уште 6 пациенти, најмладиот имаше 42 години

Редакција

30 дена притвор за поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури и уште две лица

Редакција

Повторно активен официјалниот Твитер профил на министерот Османи

Редакција