еМагазин
Image default
Локално

МВР: Седумдесет санкции за еден час во Велес, над 10.000 санкции за дваесетина дена во државата

Министерството за внатрешни работи освен на територијата на Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Велес, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес – конференција во Велес.

– Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Досега во овие дваесетина дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 10.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, рече Ангеловски.

Тој апелираше до граѓаните на Велес да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

– Само за еден час во денешната акциска контрола во Велес се изречени 70 санкции, пред се мотоциклисти што не ги почитуваат прописите, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол и друго, рече Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Велес ќе бидат презентирани утре.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес вработен во обезбедувањето на казино физички нападнат со остар предмет

Редакција

Девојка нападната пред угостителски објект во Струмица

Редакција

Физичка пресметка меѓу двајца прераснала во масовна тепачка

Редакција