еМагазин
Image default
Локално

Загина 43-годишен тракторист од штипската приградска населба Стар Караорман

Загина 43-годишен жител на штипската приградска населба Стар Караорман. Несреќата се случила на нива во близина на населбата, кога управувајќи со трактор се превртел и починал на самото место.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА изјави дека 43-годишниот К.Ц е пронајден околу 21.50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот.

На местото на несреќата излегле полициски службеници, јавен обвинител, Итна медицинска помош и пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Штип. Лекар од Брзата помош на местото констатирал смрт, телото на починатиот е предадено на семејството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите кафулиња во Скопје за 2019

Редакција

Удрил во пешак во Тетово и побегнал

Редакција

Загинатите во несреќата во Кавадарци биле на 30 и 50-годишна возраст: Детали од Обвинителството

Редакција