Лавина од реакции на социјалните мрежи по новиот раст на заразени со корона вирусот во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаир има повеќе активни заразени со корона вирусот отколку што Дебар имаше вкупно
Последниве денови бројот на новозаразени со вирусот расте во Скопје, Тетово и Штип.
Еве дел од коментарите
Во Македонија најголемиот движечки фактор е инаетот. Огромен број граѓани се подготвени да се заразат само со цел да покажат дека не се плашат и не ги почитуваат институциите на системот.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) May 29, 2020
Сулејман врати се, Короната не е уште умрено!
— Мр Моџо Килингтон (@mojokilington) May 29, 2020
Сега докторите треба да да речат, ние еден месец нема да лечиме, правите што сакате.
— Миле Паника (@Mile_Panika) May 29, 2020
Сега Ново Лисиче ќе бара да се отцепи од Аеродром
— Ivo Antov (@AntovSr) May 29, 2020
Корона вирусот со ваков народ не треба да се грижи за својата иднина во Македонија.
— 💣СеⓂ🆗ни🅾т 🔪 ДиⓂе💣 (@DimePupuliev) May 29, 2020
Сите заболени од корона што одбиваат да кажат со кого имале контакт – јавно да се објават и да не им се пружи медицинска помош!
Пинг @VFilipche— Jas (@BrlaBrla) May 29, 2020
малоумниците ни се камен околу врат, не можеме да мрднеме напред поради нив
— Τρσγαηςκα (@trojanska_) May 29, 2020
Не сакам повторно карантин за себе, зашто јас не излегував без потреба и разуздано ниту во полициски час, ниту сега. Ама сакам да можам да фрлам ѓубре или да прошетам кога обврските ми дозволуваат. Сакам да најдете начин да ги санкционирате тие што не се придржуваат кон ништо!
— Ибе Паликуќа (@Ibe_Palikukja) May 29, 2020