еМагазин
Image default
Македонија

Секоја родилка позитивна на корона вирусот во болницата во Куманово може безбедно да се породи

Во Одделението за гинекологија и акушерство во Куманово се почитува протоколот и постои посебен дел за изолација каде секоја родилка која е позитивна на коронавирусот може сосем безбедно и сигурно да се породи. Со ова одделение сме во постојана комуникација, и пациентите од таму по потреба се праќаат во Скопје, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој во одговор на новинарско прашање додаде дека одделенијата во болницата во Куманово, и покрај тоа што дел од персоналот не доаѓал на работа поради вирусот, сепак работат целосно секогаш кога ќе може да се организира работата.

„Болницата во Куманово со оглед на тоа што имаше голем број на персонал кој што не одеше на работа, дел беа заболени, дел беа во изолација согласно контактите и прашалникот, работат целосно одделенијата каде што може да се организира работата, конкретно за гинеколошкото одделение и за одделението за инфективни болести сме во секојдневна комуникација и по потреба сите тие пациенти се праќаат во Скопје, по претходна најава.

Во еден момент сите пациенти кои беа хоспитализирани на инфективното одделение, дел беа пуштени дома, согласно проценката, дел во Скопје, понатаму се примија нови петнаесетина пациенти, но во координација дека таму работата може да биде организирана“, рече Филипче.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Ракавиците не се неопходни за носење ако внимателно се мијат рацете

Филипче за „чудниот случај“ во Куманово: Тестовите во Институтот за јавно здравје се одобрени од СЗО

Можно е заболените од корона вирусот да плаќаат партиципација за болничко лекување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиска независност на универзитетите, подигнување на критериумите за квалитети и интензивна соработка за ефективна борба против корупцијата

Редакција

Нема договор меѓу СОНК и Министерството за образование и наука, преговорите продолжуваат

Редакција

Голема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во анкетата на НДИ

Редакција