еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Секој податок од пописот ќе проверува преку неколку бази на податоци

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски денеска на прес-конференција ја објави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април, која, како што рече, е објавена во Службен весник и може да се види и на веб страницата на ДЗС.

Симовски ги повика граѓаните да ја сфатат сериозно оваа статистичка операција и оти тоа исклучиво за креирање политики во интерес на граѓаните.

-Граѓаните може само да изгубат ако одбијат да дадат податоци на пописот. Користењето на овие податоци е во функција на граѓаните. Затоа и се носи Закон со којшто се дава обврска да се учествува во пописот, рече Симовски.

Директорот на ДЗС дециден дека каков било бојкот или одбивање на давање податоци е само на штета на граѓаните.

–Секој оној што ќе се обиде да одбие, да не учествува во пописот си прави штета себе си, и на сите граѓани во државата.

Апелирам сите да го прифатат пописот, бидејќи ова е општествено-корисна акција, ова не е во интерес на ниту една политичка структура во државата, туку во интерес на сите грѓани во државата.

Податоците од пописот имаат голема употреблива вредност и пред се во правец на развој на општеството, во сите елементи, од економја, образование, здравство, па се до секојдневниот живот на граѓаните, рече Симовски.

Подвлече дека секој податок даден за време на пописот ќе се проверува преку неколку бази на податоци, апелирајќи за веродостојност на информациите кои ќе бидат давани на попишувачите.

Симовски рече дека покрај базата на МВР, во која се регистрира влез и излез од државата, ќе се користи и базата од Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Управата за јавни приходи, но и други бази на податоци.

Во однос на политичките изјави за можно одложување на пописот, Симовски истакна дека како Завод за статистика не коментираат политички изјави и оти се водат од Законот за попис, каде што е утврден периодот за спроведување на пописот и сите рокови врзани со пописот и оти тој Закон мора да го почитуваат.

Симовски истакна и дека дијаспората ќе се попишува еден месец пред започнувањето на пописот, односно преку апликација што ќе биде во функција од 1 март. Посочи дека преку оваа апликација ќе се попишуваат лица само што се надвор од државата и таа е со посебни процедури и критериуми, додавајќи оти се работи за исклучително безбедна апликација.

Собранието на 21 јануари го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија, според кој пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Законот гарантира одржување попис според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.

Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи за наредната година, или ако се инсистира тој да се одржи пролетва, да се спроведе по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот за попис.

Наспроти барањето на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис, од СДСМ со став дека таков вид на статистичка операција нема да ги даде комплетните податоци какви што се потребни и кои треба да бидат според стандардите на Евростат.

Претседателот на државата Стево Пендаровски неодамна изјави дека според него не би било проблем спроведувањето на оваа статистичка операција да се одложи и да се одржи во мај или јуни, на што завчера и премиерот Зоран Заев изјави дека таквата можност е вредна за разгледување, но, нагласи, само ако станува збор за одложување од еден или два месеца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар склучи договор со А1 Македонија вреден 2 милиони евра

Редакција

Нобеловецот Кругман од Скопје ни порача да си ги поправиме патиштата ако сакаме инвестиции

Редакција

Се изготвуваат решенија за преземање на одземениот имот на Сеад Кочан

Редакција