еМагазин
Image default
Локално

Семејно насилство во Кочани: Татко со нож ја „завршил“ караницата со синот

На 11.04.2019 во 19.05 часот во Полициската станица Кочани, од Медицински центар Кочани било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.Г.(39) од Кочани, инфоормира МВР.

Според пријавеното, истиот ден околу 18.45 часот во домот на ул.„14-та Бригада“ во Кочани, по вербална расправија, Љ.Г.(58) од Кочани со нож му нанел повреда на неговиот син М.Г.(39).

По укажаната помош во болницата во Кочани тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен, а Љ.Г. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Кочани. По целосно документирање на случајот против Љ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во струмичко: Починала откако врз неа паднало дрво што го сечел сопругот

Редакција

Кривична за сопственик на угостителски објект во Пирок, работел по дозволено работно време

Редакција

Починато бебе пронајдено во импровизирана куќичка во Гази Баба

Редакција