еМагазин
Image default
Македонија

Заразеното дете во градинката во Центар престојувало само еден час на 9 септември, сите во групата се во изолација

Заразеното 15-месечно дете престојувало во градинката „13 Ноември“ во Општина Центар во Скопје само еден час на 9 септември, информираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Следните денови родителите не го донеле, а вчера ја известиле градинката дека, покрај целото семејството, и детето е позитивно на Ковид -19.

„На прашање од вработените во градинката зошто детето отсуствува, добиле информација дека се работи за вадење на запчиња и затоа детето е отсутно од градинката.

Вчера на 14 септември, околу 16 часот градинката е известена од страна на родителите дека покрај цело семејство и детенцето е позитивно на Ковид-19 и нема да посетува градинка,“ изјави Шахпаска.

Согласно насоките на здравствените власти, вклучена е и епидемиолошката служба, ставени се во изолација сите во јаслената група во која што било сместено детенцето како и воспитувачот и негувателот.

Согласно протоколот и направена е вонредна дезинфекција на градинката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родители на 14.555 деца покажале интерес тие да посетуваат градинка

Дете од градинката „13 Ноември“ во општина Центар позитивно на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Раководител на смена на граничниот премин Блаце земал мито, ТВ Клан објави снимка

Редакција

Одложена седницата на Судски совет на која требаше да се избере наследник на Весна Дамева

Редакција

По бурните реакции, Заев најави дека прагот од 2% за потписи за независните листи ќе биде или намален на 1% или укинат

Редакција