еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Делчев е црвената линија на нашето достоинство

Делчев е нашиот последен бастион, нашата тврдина. Нема да отстапиме ниту милиметар од Делчев, истакна вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестот „За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев“.

Тој нагласи дека Делчев е столбот на нашето постоење како народ, нагласувајќи дека го има и во химната.

„Народот е најважен, затоа што народот е државата, не смее да и дозволиме на власта да станеме територија, не држава. Протестираме затоа што Делчев е и европска вредност, затоа што неговата идеја за слобода и културно издигнување на еден народ е идеја врз која почива Европската унија, а нашата иднина е токму таму во Европската унија,“ рече Мицкоски на протестот.

Тој истакна дека „Делчев обединувал, а денес СДСМ, предводена од Зоран Заев, разединува.“

„Тоа е таа трагедија на денешното време којашто ние ја живееме. Затоа сме денес тука за да кажеме дека мафијата не е посилна од вистината, изборот е или СДСМ или вистината, или Македонија или мафија,“ додаде Мицкоски и упати поддршка до историчарите кои ја застапуваат македонската страна за прашањето за Гоце Делчев.

„Нашите историчари кои разговараат мораат да знаат дека ја имаат нашата поддршка, поддршката од народот, кога веќе ја немаат од власта,“ додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) ВМРО-ДПМНЕ на протест ќе изрази поддршка за членство во ЕУ и за Гоце Делчев

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот долг во третиот квартал падна под 60% од БДП

Редакција

МНР: Се уште важи апелот до нашите државјани ако се во можност да ја напуштат Русија

Редакција

21 починати од Ковид-19, најмладиот на 45-годишна возраст

Редакција