еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Шест македонски научници рангирани во топ највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“

Шест македонски научници се рангирани во топ два проценти највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“ за 2021 година.

На кумулативната листа за најдобри топ два проценти научници на сите времиња (од сите области) се рангирани Љупчо Коцарев (МАНУ), Леонид Грчев (МАНУ) Валентин Мирчески (Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје), Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки, УГД Штип) и двајца пензионирани професори, Трајче Стафилов (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје) и Иван Грозданов (Институт за хемија, ПМФ, Скопје).

Пред еден месец е објавена една од најшироките студии за рангирање на топ два проценти најдобри светски научници од сите области, од автори од Унверзитетот Стенфорд, САД.

За календарската 2020 година (рангирани во 2021 година), во топ  два проценти највлијателни светски научници од Северна Македонија се рангирани: Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Рамадани Веланд (Универзитет на Југоисточна Европа Тетово), Кимет Јусуфи (Државен Универзитет Тетово), Биљана Бауер (УКИМ Скопје) и Биљана Ристеска Стојкоска (ФИНКИ, УКИМ, Скопје).

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлична вест: Голем дел од клиниките обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери

Редакција

(Видео) Борисов пуштен од притвор: „Загрижен сум дека следниот пат ќе ме убијат“

Редакција

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

Редакција