Лавина од негативни реакции на социјалните мрежи по најавата дека ќе се руши култната Универзална сала во Скопје, а на нејзино место ќе се гради парк со летна сцена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цела деценија тендери за Универзалната сала: Пари во ветер, објектот пред распаѓање
Сите детали: Ќе се урива Универзална сала, летна сцена со парк на нејзиното место
Пред да дојде на власт, СДСМ ветуваше реновирање на истата, а истото со години го ветуваше и ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт.
Еве дел од твитовите:
На Универзална не мора со огласи по весници да и го бараат газдата. Донација на граѓаните на Скопје е! Затоа ќе ја рушат.
*нова зграда или трговски во најава
**не верувај на урбана мафија— 100Le (@baljumbaljum) July 28, 2020
Универзална да се реновира, Треска да биде парк… Толку за муабетов од мене… #ЈавнаРасправа
— Ilijanco Gagovski (@ilijanco) July 27, 2020
Шилегов ако сакаш нешто да рушиш, руши ја платформата на Матка и зградата пред Мавровка.
— Џиги (@dzigi7) July 28, 2020
Триумфална нека стои, ама Универзална да се руши…Треска треба парк, не Универзална.
Поголема глупост – здравје! pic.twitter.com/lAurap5Kbp
— Duchess
(@arthurgordonpy3) July 27, 2020
Никнаа згради на место на секоја клупа и маалски парк, жителите на Дебар Маало се згнаа за квадрат повеќе за децата, налупаа згради меѓу веќе постоечки стари, ама Универзална да била парк! Сериозно? Па уште има и што ја поддржуваат идејата. Триумфална напрајте ја парк.
— Ана Ресана (@AnaFiljana) July 28, 2020
Какво местенце имам пазарено за зграда, тука кај бившо Универзална.
— Man (@Goran_Man) July 28, 2020
Универзална не е довоградба, па да не ја рушиме!
— Томи Џери (@cinikot) July 28, 2020