еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Реконструкцијата на Универзална сала готова во 2021 година

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување на концерти.

Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.

– Со обезбедените буџетни средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на овој објект во постоениот облик и габарит, одржувајќи го својот автетичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.

На овој чекор се одлучивме после широката поддршка која што јавноста ја даде за идејата да се сочува Универзалната сала во постојната форма, на постојната локација, што пак не значи дека сме се откажале од идејата и за нова концертна сала со придружни други конгресни капацитети на друга соодветна локација, изјави Шилегов.

Воедно, градоначалникот Шилегов, нагласи дека ова реконструкција не ги задоволува потребите на граѓаните на среден и долг рок.

– Изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно собраќајни решение за пристап и ред други технички стандарди од ваков тип е нешто што мора да му се случи на Скопје, час по скоро, посочи Шилегов.

На овој настан присуствуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, која наведе дека тие како институција работат на новиот буџет за 2021 година и дека планират за следата година да започне изградбата на новата концертна сала во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Трчај бе: Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола која се развива во спортска туристичка дестинација

Редакција

(Фото) Прекрасна финална вечер на „МакеДокс“ со доделување награди

Редакција

(Галерија) Ивановски и Поп Арсова срушија два државни рекорди: 2.000 тркачи на Skopje Run 10K

Редакција