еМагазин
Image default
Бизнис

Штедачите во „Еуростандард“ откриваат дека 149 фирми не вратиле кредити во вкупен износ од 55 милиони евра

Здружението на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“, повикувајќи се на извештајот од стечајниот управник, денеска преку соопштение информира дека на денот на затворањето на банката на 12 август имало 149 фирми со неисплатени кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра.

Во соопштението се наведува дека фирмите не ги плаќале ратите на кредитите и оти обезбедувањето на кредитите било далеку под износот на кредитот што им бил даван на компаниите.

„Ниту една од овие фирми немала платено ниту една рата, а доцнеле со плаќање од неколку стотини до преку 1.300 денови. Земени кредити во стотици илјади до милионски суми во евра. Тоа што е најстрашно е обезбедувањето кај овие фирми.

Имено, најголем број од нив имаат обезбедување во станбен и деловен простор, опрема, моторни возила, залог на трговска стока или земјоделско земјиште чиишто проценети вредности најчесто се движат од 5 до 50 отсто од износот на кредитот“, се наведува во соопштението.

Кредитите на околу 60 фирми, како што се посочува во соопштението, бил покриени само со меници.

Вината за ова, според здружението на оштетени штедачи, е во раководните лица на банката и во Народната банка.

„Резултатот од таквото однесување е познат денес. Во сред пандемија, голема здравствена и економска криза, криминалците од банката помогнати од замижувањето и неделувањето на Народна банка за време на нејзините вршени контроли почнувајќи од 2013 година па наваму, не оставија без нашиот личен капитал, имот, сигурност, здравје, живот, сегашност и иднина“, се вели во соопштението и се додава дека се работи за над 700 физички лица кои загубиле повеќе од 24 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штедачите од Еуростандард „вперија прст“ кон Народната банка: Како не видовте дека се делат сомнителни кредити?

Муареми: Финансиската полиција постапува по случајот „Еуростандард банка“

Народната банка поднесе кривична против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај на банката

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дебарски бањи – Цапа“ во загуба поради пандемијата од Ковид-19

Редакција

Турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во фабрика во ТИРЗ Скопје

Редакција

Кои се членовите на Одборот на директори на „Тетекс“?

Редакција