еМагазин
Image default
Локално

Штипјани се степале покрај Дебарско Езеро

Пет лица од Штип синоќа се степале покрај Дебарско Езеро при што едниот од нив се здобил со полесни повреди.

– Околу 23:45 часот, кај месноста „Удово“ покрај Дебарското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од страна на лицата Д.Д., А.К и А.К. врз Г.С. и неговиот брат Е.С. сите од Штип. Во тепачката, од страна на лицето А.К. употребена е дрвена рачка од секира со која се нанесени повреди врз Е.С., како и оштетување на предната шофершајбна од патничко моторно возило „Даеву“ со штипски регистарски ознаки, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, повредениот Е.С. е пренесен во Општата болница во Дебар од каде, по укажана медицинска помош е пуштен на домашно лекување. Учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир се приведени во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кај месноста „Удово“ покрај брегот на езерото лоцирани се поголем број кафулиња, каде биле и лицата од Штип, кои најверојатно под дејство на алкохол се скарале и дошло до физички напад.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец силувал сограѓанка и со телефон го снимал настанот

Редакција

„Маргини“: Инцидентот со девојчето е резултат на долгогодишно игнорирање на насилството во училиштата

Редакција

Динамит пронајден при претрес во семејна куќа во Делчево

Редакција