еМагазин
Image default
Бизнис

„Виз ер“: 20 проценти намалување на картите за резервации направени денеска

„Виз ер“, една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, денес ја започна својата летна продажба, нудејќи им на патниците 20 проценти намалување на избрани летови резервирани денеска. Понудата важи за повеќе од 30 проценти од летовите низ мрежата на „Виз ер“ и трае до 16 септември 2018 година.

„Без разлика дали во последен момент ќе резервирате одмор на плажа, пред да се вратат децата на училиште или сакате да ја разгалите вашата сакана со изненадувачка градска прошетка, сигурно ќе најдете дестинација во мрежата на „Виз ер“ која ќе одговара на сите ваши потреби. „Виз ер“ секогаш сака да ги предизвика своите патници да патуваат до нови и неоткриени дестинации, па зошто да не го искористите тоа и да резервирате авантура во земја која никогаш не сте ја посетиле“, се вели во соопштението на компанијата.

Денешната промоција значи дека корисниците на „Виз ер“  можат да ги искористат последните летни денови за помалку од 599 ден. по лице, што претставува одлична прилика за да ја обновите летната гардероба пред да паднат температурите.

20 проценти попуст се однесува на цените на билетите, вклучувајќи ги и даноците и необврзните трошоци, со исклучок на административната такса.

Оваа промоција се однесува за 15 август 2018 година од 00.00 до 23.59, само за одбрани летови за до 16 септември 2018 година.Еден правец ги вклучува сите даноци и не-опционални давачки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Акции со најголем пораст и пад на вредноста на Македонската берза во октомври

Редакција

Grouper.mk на екс министерката Нина Ангеловска доби нов сопственик

Редакција

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Редакција