еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Grouper.mk на екс министерката Нина Ангеловска доби нов сопственик

Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE, е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk, информираа од Grouper.mk.

Payten е провајдер на целосни софтверски решенија за платежната индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции.

„Payten се стекна со сопственост на 100% од акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување  на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија. Со Grouper во нашите редови, ја збогатуваме нашата понудата за сите трговци и ги унапредуваме Payten решенијата за е-трговија.

Уверена сум дека заедно со младиот и динамичен тим на Grouper, кој поседува одлични познавања во областите на е-трговијата и маркетингот, а сега со поддршка од неколку меѓународни  експерти од Payten, ќе создадеме уште поиновативни решенија за е-трговија“, изјави Katharina Arnold Rokita, раководител на тимот за развој на е-трговија во Payten.

За аквизиција, на Фејсбук се огласи и екс министерката за финансии, Нина Ангеловска.

“После 10 групер години, задоволство ми е да ја споделам големата новина на која работевме изминатиот период.

Ми претставува чест да споделам дека Grouper стана член на Payten (дел од полската групација Аsseco SEE) фамилијата.

Низ годините Grouper растеше, се менуваше постојано и постигна многу. Но има уште многу простор за раст и натамошен напредок кој веруваме дека полесно ќе го оствари како дел од меѓународна групација.

Оваа аквизиција за нас значи многу повеќе – тоа е признание на нашата напорна работа, посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за целосна реализација на потенцијалот на Grouper.

Payten, провајдерот на целосни софтверски решенија за платежната индустрија, е дел од ASSECO групацијата – една од водечките софтверски компании во Европа, која од неодамна значајно го шири бизнисот со вклучување на компании во доменот на развој на сотвер за платежни солуции во Европа и пошироко.

Покрај платежните солуции, ивестициите и ширењето во е-трговија како стратешката определба е во фокус веќе извесно време, а чест ми е што Grouper е првата e-commerce платформа од регионот која стана дел од групацијата.

После 10 годишен значаен придонес и развивање на е-трговијата како водечка компанија, верувам дека на Grouper му претстои уште побрз раст, нови предизвици, пријателства, соработки и уште многу успеси, сега како дел од меѓународна групација“, напиша таа.

Фото: Фејсбук/Ангеловска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13: Преку „Рекет“ се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи

Редакција

Заев на „лажните“ Порошенко и Столтенберг им дал телефонски броеви од Вес Мичел и Рамуш Харадинај

Редакција

(Видео) Се играше и оро: Протести пред хотелот во Мелбурн во кој во карантин е Ѓоковиќ

Редакција