еМагазин
Image default
Македонија

Штипската Клиничка болница го адаптира Кожното одделение за прием на пациенти со Ковид-19

Кожното одделение во штипската Клиничка болница од понеделник ќе прима пациенти заразени со коронавирусот на кои им е потребно болничко лекување.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека утринава на состанок е договорено ова одделение, кое е и посебна зграда, комплетно да биде преадаптирано за прием на пациенти инфицирани со коронавирусот.

-Таму планираме во наредните два до три дена да завршиме инфраструктурни работи, што се неопходни се со цел од понеделник, вторник да ги имаме и тие дополнителни десет кревети таму.

Предвидено е на ова одделение да се хоспитализираат полесните случаи, со полесна клиничка слика, а се со цел да ослободиме десет кревети на Инфективното одделение, кои би ги користеле за потешки пациенти, вели Ѓеорѓијев.

Забележа дека доколку се случи потешко и поцрно сценарио, во тој случај ќе бидат подготвени пациентите на кои им треба болничко лекување да ги хоспитализираат и на Интерното одделение, заедно со собата за интензивна нега.

-Ние се подготвуваме, разговараме со раководителите и доколку се јави потреба ќе мора да размислуваме и во таа насока, рече Ѓеорѓијев.

Во штипската Клиничка болница и денеска имаат позитивен случај на Ковид-19 кај здравствен работник, со што вкупната бројка се искaчи на 13 и деветмина се во изолација, поради контакт со инфицираните колеги или членови од семејството.

На Инфективното одделение во болнички услови се лекуават 49 пациенти, а над половината од нив се на кислородна поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови случаи на Ковид -19 во три текстилни конфекции во Штип, во болницата, општината и во затворот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по скопски општини: Во Аеродром близу 700 активни случаи на Ковид-19

Редакција

Костадинов: Се сомневаме дека Мицкоски учествувал во организацијата на бегството на Груевски

Редакција

Бугарското обвинителство по дополнителниот увид: Пронајдено 45. тело, на дете, во автобусот на „Беса транс“

Редакција