еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Штипската Клиничка болница за две и пол години ја напуштиле 70 вработени

Штипската Клиничка болница се соочува со недостиг на кадар. За две и пол години 70 вработени од кои 20 лекари, по разни основи ја напуштиле болницата.

Според директорот Ален Ѓеорѓијев, пред две и пол години во Клиничка болница имало 550 вработени, а сега на сите одделенија работат 470 лица. Тој на денешната прес-конференција посочи дека голем одлив на високо стручен кадар болницата очекува на почетокот на идната година, кога во Штип ќе се отвори приватна гинеколошко-акушерска болница.

-Се уште не знаеме колку вработени ќе си заминат по Нова година во новата приватната болница. Но, се очекува да заминат вработени од одделите за гиникологија и акушерство, анестезиологија, медицински сестри инструментарки, како и од одделот за неонаталогија. Тоа ќе биде голем проблем, вели Ѓеорѓијев.

Тој посочува дека со години се создаваат и едуцираат медицински сестри за анестезиологија, за во хируршки сали и за акушерство. Затоа е потребно веднаш да се пополнат испразнетите места, со цел да не трпат пациентите од два региона во земјава.

На огласите за вработување кои изминатите години ги распишуваше болницата, за едно работно место се јавуваат по двајца или тројца кандидати и затоа, како што вели Ѓеорѓијев, нема да е проблем да се пополнат местата. Единствено останува поддршката и решавањето на проблемот со министерствата за здравство и за финансии, за одобрување согласности за вработување.

Прашан кои се плановите за модуларната болница, Ѓеорѓијев одговори дека очекува наредната година во неа да се сместат одделите за патологија и онколгија, како и дел од амбулантите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавноста згрозена од министерот Меџити откако пациент кој моли за лек го нарече „шоумен“

Редакција

Завршува вонредната состојба: Трговците ќе може повторно да ги зголемуваат цените на маските и храната

Редакција

Арена спорт каналите прв избор за квалитетно спортско уживање на повеќе од 4 милиони домаќинства

Редакција