еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штипското Инфективно одделение преполно со пациенти, стапува на сила планот Б

Штипското Инфективно одделение во попладневните часови ќе го заземе и просторот на Одделението за Неврологија, од причини што и дополнителните болнички кревети се пополнети.

Дијана Шиишкова од Инфективното одделение за МИА вели дека на одделението имаат 42 пациенти, од кои двајца се пуштаат на домашно лекување. Таа информира дека раководството на болницата ја донело оваа одлука, со што на сила стапува планот Б. Пациентите од Неврологија и целиот медицински персонал заминува на одделот за Урологија, со што се ослободуваат дополнителни 15 болнички кревети.

-Нема да има проблем во функционирањето на одделението, бидејќи зградата е поврзана целина и до пред неколку години беше составен дел од Инфективното одделение, кога тука поради лошите услови беше преселено одделението за неврологија, вели Шишкова.

Таа истакна дека на помош ќе им дојдат и медицински сестри, но и лекари интернисти, кардиолози и анестезиолози од одделенијата во штипската Клиничка болница, со оглед на поголемиот број на пациенти, на кои им треба болничко лекување.

Состојбата на пациентите кои се лекуваат на Инфективното одделение е променлива, имаат и со средна, но и со тешка клиничка слика. Околу осум пациенти се на повремена кислородна поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир, Гази Баба, Бутел, Карпош, Аеродром, Сарај, Центар се уште со голем број на активни случаи со корона вирусот

Седум пациенти починаа од корона вирусот во изминатото деноноќие, вкупно до сега 328

Нови 165 лица заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 71

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот градоначалник Бејта разговарал со еден од обвинетите за „Монструм“ за субвенции, вели Заев

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Долги колони на Белградски саем, но вакцинацијата се одвива брзо поради врвната организација

Редакција

Луксузниот хотел Лимак ја одбележува двегодишнината од отворањето со највисоки оценки за квалитетот на услугата

Редакција