Евентуалната вмешаност на Катица Јанева во скандалот со „Рекет“ нема да предизвика правен проблем со предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) што се во тек во судовите, но може да предизвика застои и одложувања, што, пак, може да доведе до застарување кај некои од предметите, тврдат експертите што ги консултиравме, пишува „Вистиномер.мк“.
По скандалот со приведувањето и отворањето истрага за две осомничени лица за изнудување рекет, при што со овој случај се поврзуваат и две обвинителки од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се наметнува прашањето што ќе се случува со предметите што веќе се во постапка пред судовите. Не само за оние после 30 јуни 2017, туку за оние за кои СЈО постапуваше до 30 јуни, односно за дваесетината случаи од кои за 15-тина сè уште се суди.
Прашањето е актуелизирано од политички и од правен аспект. Главната опозициска партија со која власта досега не може да најде заеднички јазик за новиот закон за Јавно обвинителство, во кој треба да биде решен и статусот на СЈО, веќе излезе со тврдење дека овој скандал покажувал и докажувал дека СЈО е само еден инструмент на СДСМ и дека сето она кое што го работеше СЈО во моментов паѓа во вода.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.