еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Што е важно за фармацевтските компании за време на корона кризата и како понатаму?

„Модерм“ е единствената маркетинг агенција која што е специјализирана во медицински и фармацевтски маркетинг. Во неа работи тим кој што е стручен, професионален и искусен и секој од нив е експерт во својата струка.

Од таму велат дека клиентите и нивниот успех им се единствениот приоритет и со постоечкото искуство во фармацевтската индустрија како маркетинг тим, знаат кои се процесите, регулативите како и етиката поврзана со маркетинг во тоа поле

„Тоа значи дека можеме да помогнеме со секоја етапа од продажниот процес, од регистрирање на производи до поттикнување на продажба од полиците. Повеќе од стручни сме за да изработиме бизнис и маркетинг планови, анализи, буџети, стратегии, промоции, настани, уредување на излози, социјални мрежи и дигитален маркетинг, графички дизајн како и секоја друга алатка која што ќе ни помогне да им помогнеме на нашите клиенти.

Секако, нашата струка не е лимитирана на фармацевтската и медицинска индустрија, но поради нашето искуство и желбата да ја унапредиме и дигитализираме истата, сметаме дека нашите приоритети се поставени правилно,“ вели за „еМагазин“, Влатко Николовски од оваа агенција кој е основач на компанијата.

Тој е економист по струка кој што специјализира во дигитален и традиционален маркетинг, со долгогодишно искуство во графички дизајн, аудио и видео-продукција. Тимот заедно работи повеќе од една година, но агенцијата официјално постои од март.

„Толку многу сме сигурни во нашата визија што се одлучивме и покрај кризата предизвикана од корона вирусот да започнеме со работа зошто баш во овие моменти сме најпотребни на нашите клиенти. Наша цел се да го уредиме дигиталниот излог на нашите клиенти.

Најважната работа е информациите поврзани со корона вирусот да бидат вистинити и приложени со цел да информираат, а не да создадат паника. Поради одредените рестрикции, сите информации се дигитализирани, па затоа потребно е да бидат креирани и известени од страна на професионалци,“ додава Николовски.

Според нашиот соговорник, сега е вистинскиот момент за компаниите, особено од фармацевтската индустрија да размислат што понатаму во периодот што претстои, кој што ќе носи предизвици за сите бизниси.

„Важно е сега да се има конкретен план за како да се создаде побарувачка на одредени производи откако ќе помине здравствената криза и ќе настапи економската. Но затоа, стоиме на располагање за да го ублажиме целиот процес за нашите клиенти,“ додава тој.

ЗА ТИМОТ

За сите медицински факти, регулативни прашања, како и бизнис консултации е одговорен Стојан Николиќ, специјализиран доктор со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во медицинската и фармацевтската индустрија, кој, како што вели Николовски, постојано инспирира и мотивира со неговата амбиција и работна навика.

Во тимот е и австралиската државјанка Долорес Рајхел која е со високо образование и искуство во бизнис, маркетинг и евент менаџмент стекнато во Перт, Австралија.

„Долорес е повратник од Австралија и влева надеж и ентузијазам во нашиот тим со нејзиното враќање во државата, а особено сме оптимистични што во нашиот тим имаме пар очи со поинаков, интернационален видик,“ вели Николовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Иванов во ОН: Единствена вистина е дека ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија

Редакција

Успешен амбулантски третман на ноќната апнеа со „Celon elite“

Редакција

Екс-директорот на Централен, Поповски и давал плата на вработена, а таа работела во партија

Редакција