еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Никола Димитров, новиот вицепремиер за европски прашања

Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи е новиот вицепремиер за европски прашања.

Роден е во Скопје, во 1972 година.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има кредит од 17,2 милиони денари, имот во Хаг и Скопје: Што пријавил Никола Димитров, новиот вицепремиер за европски прашања

Политичка кариера

Беше министер за надворешни работи од јуни 2017 година.

Дипломатската кариера му почнува од 1996 година.

Беше заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во 2000 година, како и вонреден и ополномоштен амбасадор во САД (2001-2006 година) и Кралство Холандија и постојан претставник при Организацијата за забрана на хемиско оружје (2009-2014 година).

Во периодот помеѓу 2003 до 2008 година, беше Специјален пратеник во разговорите со Грција, за надминување на разликата околу името, под покровителство на Обединетите Нации.

Тој беше и Ко-застапник на Република Македонија во случајот против Грција пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година) (2008-2011 година).

Беше и Национален координатор за интеграција во НАТО (2006-2009 година), Специјален пратеник на Владата за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија (2007-2008 година) како и Советник за национална безбедност на Претседателот (2000-2001 година).

Професионална кариера

Бил и член на Хашкиот институт за глобална правда, Хаг, Холандија (2014-2017 година), член на Постојаниот суд за арбитража, Хаг, Холандија (од 2011 година), член на Советодавниот одбор, Евротинк – Центар за европски стратегии (од 2016 година), член на Балканот во Европа, Советодавна група за политики, Европски фонд за Балканот и Центар за ЈИЕ студии при Универзитетот во Грац, Австрија и член на Управниот одбор, Фондација за интегрирано образование (од 2015 година), како и демонстратор на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” по меѓународно јавно право и меѓународно право за правата на човекот (1996-2000 година).

Образование

Во 1998 година станува магистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ, Обединетото Кралство.

Во 1996 година дипломира на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Во 2012 година посетува професионална обука, Џон Ф. Кенеди на Факултетот за администрација при Универзитетот Харвард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во биографијата на Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција 

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев

Што пишува во биографијата на Мила Царовска, новата министерка за образование и наука

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ останува на улица: Со блокади по втор пат протестираше против поскапувањето на цената на струјата

Редакција

Демократско движење, Беса и Алтернатива ќе делуваат во една пратеничка група

Редакција

(Фото) Бугарија го затвора здружението кое го отвори македонскиот клуб во Благоевград

Редакција