Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на електрична енергија што ја донесе Владата на 30 октомври годинава и која веќе е објавена во Службен весник е донесена со цел усогласување со одредбите на Законот за енергетика, информираат од Министерството за економија.
– Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките кои се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности, која што е објавена во Службен весник е донесена со цел усогласување со одредбите на Законот за енергетика, согласно кој пазарот на електрична енергија е целосно отворен и има повеќе учесници на пазарот, како на пример, Оператор на пазар – МЕМО ДООЕЛ, велат од Министерството.
Во опфатот на оваа Уредба, додаваат, се определени и правата и обврските на учесниците на пазарот во услови на кризна состојба и се вклучени сите учесници на пазарот, а не како претходно само државните енергетски компании.
– Претходната Уредба беше донесена во 2012 година и во неа не беа усогласени новите одредби за пазарите на електрична енергија.
Континуирано ја следиме состојбата во електроенергетскиот сектор, во моментов има доволно количество на електрична енергија, до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата, потенцираат од Министерството за економија.
Во вчерашното издание на Службен весник на 12 страници објавена е Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и првата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ценовниот ефект од енергетската криза ќе се ублажува, вели Бесими