еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски бара брзи предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара брзи предвремени парламентарни избори кои, како што вели, ќе овозможат формирање стабилна влада способна да се соочи со предизвиците пред кои е исправена земјата.

Формирање ново парламентарно мнозинство, според него, нема да помогне во решавање на наталожените проблеми, туку само ќе доведе до преговори и разговори, и разводнување на капацитетот за управување на институциите и ќе креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите кои штотуку завршија.

-Затоа во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која оваа корумпирана Влада ја втурна.

Брзи избори за кои нема да има алтернатива затоа што е потребна стабилна влада и наминување на кризите со кои ќе се соочиме, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во партиското седиште.

Изборите, нагласи, се светло на крајот на тунелот и патот до промените кои, како што потенцира, само тогаш ќе бидат целосни.

-Брзите избори ќе треба да обезбедат влада која ќе спроведува политики кои ќе решаваат проблеми и ќе ја донесат новата иднина во која веруваме и за која се бориме.

Воедно нова влада треба да ги релаксира и односите во општеството за да се стави крај на поделбите и конфликте и посеаната омраза која е во функција на заштита на криминалот, да се донесе правда и сигурност да зачекориме во подобри времиња иднина каква секој еден гражанин заслужува, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата, порача Варвициотис

Коалициските партнери потврдиле дека мнозинството во Собранието е стабилно, велат од Влада

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ребаланс: До кога буџетот ќе го празнат општини, фондови, јавни претпријатија…

Редакција

Ердоган во телефонски разговор го повикал Путин да прогласи прекин на огнот во Украина

Редакција

Најниски просечни нето-плати во јануари

Редакција