еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Што значи зголемувањето на минималната плата: 2.175 денари за работникот, 3.355 за државата

Компаниите кои треба да ја зголемат минималната плата согласно последната одлука на Владата, ги прават пресметките, колку всушност ќе ги чини зголемувањето на минималната плата од 2.175 денари, која веќе треба да ја исплатат во април.

Имено, на 2.175 денари зголемена нето-плата, зголемувањето на бруто-платата ќе биде 3.355 денари, или 5.530 денари по работник.

Минималната нето-плата сега изнесува 18.025, а бруто-платата 26.422.

Со априлската плата, овој износ ќе биде 29.777 денари бруто плата, односно 20.200 нето.

– Како што ветивме, од април минималната плата ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари. Тоа значи дека над 12 проценти имаме зголемување на основната, минимална плата. Согласно Законот за административни службеници, ќе се усогласат останатите плати за 27.000 службеници, изјави премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минималната плата ќе почне да се исплаќа од април

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца пациенти од автобуската несреќа ќе бидат пуштени на домашно лекување, денеска пристигнуваат уште тројца

Редакција

Владата ги објави имињата: Кои компании зеле државна помош, а не ги исплатиле работниците

Редакција

Колку е богат новиот технички премиер: Каков имот пријавил Оливер Спасовски

Редакција