еМагазин
Image default
Македонија

Силјан Мицевски на судењето за „Меѓународен сојуз”: Ми беше кажано дека зад проектите за домови за стари лица стои Владата

Бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на компанијата „Пелистер”, на денешното сослушување на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз” изјави дека сумата од 720.000 евра што ја дал за проектите за домови за стари лица, не му е вратена.

Тој истакна дека ако заврши вака, ќе се чуствува измамен, додавајќи дека на една од средбите во „Меѓународниот сојуз“ му било речено оти зад проектот со домовите за стари лица стои Владата.

– На еден состанок на „Меѓународниот сојуз“ јас прашав како може да се откупи земјиште без градежно одобрение и тука ми беше кажано дека тоа е проект на Владата и ќе оди со европско знаме, изјави сведокот Мицевски, додавајќи дека не се сеќава кој точно му го кажал тоа.

Во својот исказ пред Судот тој уште изјави дека имал голема доверба во Бојан Јовановски.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, таткото на прво обвинетиот, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, а Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресуда за случајот „Софтвери“ во кој е обвинет Рашковски на 6 јули

Редакција

Со сослушување на вештаци кои го изготвија супервештачењето, во Кривичен продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Поради немање кворум прекината седницата за гласање доверба на Владата

Редакција