Со одлука на Надзорниот одбор на фабриката Карпош АД Скопје од 08.11.2022 година е донесена одлука со која е разрешен досегашниот претседател на Управниот одбор (УО), Горан Јоксимовиќ и истиот останува член на УО, информираат од фабриката преку Македонската берза.
Со друга одлука за претседател на УО е именуван Силјан Михајловски.
-Промената е одобрена од страна на Централниот регистар и истата е со важност од 14.11.2022 година, информираат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фабрика Карпош со добивка во првите девет месеци
Фабрика Карпош во првите три месеци од годината со загуба
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.