Почнува валканата кампања за претседателските кандидати, а на тапет е синот на професорката Гордана Силјановска Давкова, Павле што воопшто не е коректно, а во најмала рака човечно.
Имено, професорката одговори на еден твит на кој е објавена фотографија од Павле како свири на кавал во Градски парк, а околу него се собрани дечиња.
„Го раѓаш, го растеш, го чуваш за да порасне и свири кавал за парички во парк, додека ти се тркаш за претседателска фотеља. Каква фамилија“, пишува на Твитот.
Во одговор Силјановска-Давкова вели:
„Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“.
Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен. pic.twitter.com/Ef9kzoGYi8
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) March 21, 2019
Таа реагираше и на својот Фејсбук профил:
“Како граѓанин и уште повеќе како професор, уште пред да влезам во претседателската трка, знаев дека кампањата ќе биде валкана. Знам дека за политичките страсти понекогаш нема ни врв ни дно; свесна бев дека со стапување на политичката сцена на удар ќе бидам изложена не само јас, туку и моето семејство.
Хајката од вчера продолжува со удари врз децата. Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“.
Издржав тогаш, ќе издржам и сега – но, нема да паднам ниско да враќам на ист начин.
Се натпреваруваме како личности, но и со програми, да ги оставиме децата на мир, и нашите и туѓите“, напиша таа.
Фото: Фејсбук-профил на Силјановска Давкова