еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Силјановска жестока и остра во интервју за „360 степени“: Една фамилија сега е заменета со друга

Интересен и жесток разговор имаа новинарот Васко Попетресвки и претседателската кандидатка Гордана Силјановска во интервју на „Алсат“ телевизија за „360 степени“.

Силјановска остро ја критикуваше власта за смената на името и повторно го повтори ставот дека и доколку стане претседател, новото име ќе избегнува да го употребува. Критикувана дека молчела за „Скопје 2014“, но и за политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, таа вели дека тогаш внимавала каде се појавувала по медиуми.

„Не се согласувам дека сум го премолчела груевизмот, го критикував за авторитарното владеење, за криминалот, за корупција. Не споредувајте ме со дежурните професори аналитичари. Една фамилија сега е замената со друга“, рече Силјановска.

Таа исто така реагираше дека на Грција никој не и дава право да си го „посвои“ античкото, а за нашата Влада праша, кој им дал право и во чие име тие преговарале за географската одредница.

Рече дека, доколку дојде на власт, ќе го отвори прашање за Уставот, за кои имаше забелешки за поделеноста на власта, “Уставот треба да се среди за да имаме правна држава, силни институции независно од тоа кој е на власт“.

Претседателската кандидатка имаше и забелешки за Законот за амнестија, непотизмот при вработувањата, пазарењето за гласови во Парламентот…

„Да не ме прашавте за фришопот на сопругот, ќе зборувавме подетално за законите и правото. Очекував да ме прашате што ќе направам како жена претседател. Јас не одам од емисија во емисија и како диктофон да повторувам, чувам работи и за некое следно интервју“, рече Силјановска при крајот на интервјуто.

Фото: Фејсбук-профил на Гордана Силјановска/Видео: Алсат телевизија/360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска за следењето на Пендаровски: Страв, параноја и избори

(Фото) Силјановска објави заедничка фотографија со Киро Глигоров

Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, јас му припаѓам на родот на кактуси

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девизните резерви во мај зголемени за 51 милион евра

Редакција

Јанушев: Избори на 5 јули нема да има

Редакција

Ако попишувачот нема легитимација, не го пуштајте дома

Редакција