еМагазин
Image default
Забава

Симон Трпчески со Македонисимо вечерва ќе настапи во Штип

Нашиот светски афирмиран пијанист Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект Македонисимо.

По спектаклите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, денеска ќе настапи на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип со почеток во 19 часот.

Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот Македонисимо што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот.

Проектот што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на Македонисимо квинтетот во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

И оваа изведба, публиката ќе може да ја проследи бесплатно.

Со оваа домашна турнеја се одбележува и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас.

Светската премиера на Македонисимо се случи пред пет години на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија по што следеше освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва.

Концерот се организира со поддршка на Општина Штип.

„Вечерва „Македонисимо” ќе одекне во Штип, маестро Симон Трпчески и пријателите со концерт во градот под Исарот. Се гледаме на плоштад “Слобода” со почеток од 19.00 часот.

Голема благодарност за општествено одговорните компании: Супериор диспеч сервис, Јофа текс, Финансиско друштво М Кеш Македонија, Нико 2002, Кожувчанка – Премиум дистрибуција и Оаза Екстра – Скопско, кои несебично го помогнаа овој грандиозен настан,“ напиша штипскиот градоначалник Иван Јорданов на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Симон Трпчески и пријателите со историска изведба во струшкото село Збажди: Македонисимо си дојде дома, по пет години промоција низ светот

Трпчески за еМагазин: Македонија ја славиме како што треба да биде свесна дека заслужува, си ги знаеме корените и само треба да ги почитуваме и промовираме

Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Од денеска Дино парк отворен за посетители, еве како изгледа

Редакција

(Видео) Божиќен подарок: Празнична плејлиста од Sarah Mace & The Christmas Girls

Редакција

Грчки медиуми: „Северна Македонија беше големото изненадување на Евровизија“

Редакција