еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Повисока од просечната плата: Синдикалната кошница за декември 33.697 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според ССМ, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.078,27 денари или 41,78 отсто, на домување 10.817,34 денари или 32,10 проценти, на хигиена 2.386,07 денари или 7,08 отсто, на превоз 2.464,22 денари или 7,31 процент, на облека и обувки 2.159,41 денари или 6,41 отсто, на култура 1.066,79 денари или 3,17 отсто, а на одржување на здравје 724,8 денари или 2,15 проценти.

Просечната исплатена нето плата во октомври 2020, потсетува ССМ, беше 27.899 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли кратење на платите во јавниот сектор: Што предвидуваат владините мерки за штедење?

Редакција

Најголем кај храната и безалкохолните пијалоци: Раст на цените на угостителските услуги

Редакција

Минималната плата ќе почне да се исплаќа од април

Редакција