еМагазин
Image default
Бизнис

Синдикат: Не сме консултирани за одлагањето на решението со кое недела ќе биде неработен ден

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реагираше на одлуката за одлагање на решението со кое недела треба да биде неработен ден.

Од таму посочуваат дека како социјален партнер и претставник на работниците не е констултиран за ваквото одложување. Смета дека за едно вакво важно прашање не треба да се одлучува еднострано и надвор од Економско – социјалниот совет.

– Потсетуваме дека на последната седница на Економско – социјалниот совет, одржана на 15.02.2021 година, сите социјални партнери се согласија дека треба да се постигне консензуз, а не процесот да се враќа назад.

Очекуваме преговорите за допрецизирање на одредбите, во насока на уредување на правото за недела да биде неработен ден за сите вработени да продолжат и истите да завршат во најкус можен рок, имајќи предвид дека донесувањето на Законот веќе еднаш е одложено и тоа за примената од јуни 2021 година, а во последиот текст за септември 2021 година и тоа без претходна согласност со социјалните партнери, наведува ССМ во реакцијата.

Реагираат и на изјавата за усогласување на минималната плата.

– Ја потсетуваме министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска да не се става над законот поради тоа што минималната плата согласно Законот за минимална плата, мора да се усогласи во месец март, а не како што е пренесено во медиумите од нејзината изјава, дека и ова усогласување на минималната плата ќе се одложи за наредната година односно за 2022 година.

Работниците и граѓаните очекуваат од социјалните партнери да испорачаат резултати од преговарањето во насока на унапредување на работничките права, а не континуирано да се одлага решавањето на нивните проблеми, велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Недела неработен ден од 1 јануари 2022

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Препораки пред патувања: Како да се заштитите од измамите на туристичките агенции

Редакција

(Фото) Како изгледа канцеларијата на “Лидл“ во Скопје

Редакција

„Тетекс“ ја затвора својата фирма во Србија

Редакција