еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапува бензинот БС-95, поевтинува Екстра лесното масло за домаќинств

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар, а за толку поевтинува Екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 85 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 72,5 денари.

Поскапува и Мазутот М-1 НС за 0,330 денари и новата цена ќе изнесува 41,409 денари за килограм.

Не се менуваат цените на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) и литар и натаму ќе се продава за 87 денари, односно 74 денари.

Со Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 10 април.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,784 проценти, кај дизелот за 0,639 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,211 проценти и кај мазутот има зголемување за 1,245 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми должат 152 милиони евра за даноци и давачки

Редакција

Колку се безбедни и какви несакани ефекти имаат вакцините АстраЗенека, Фајзер, Синофарм и Спутник В

Редакција

„Витаминка“ ја зголеми добивката и покрај кризата од корона вирусот

Редакција